Играч на Барселона го сруши светскиот рекорд откако даде гол со брзина од 230 км на час (Видео)

Барселона е еден од четирите тима коишто имаат максимални девет бода по првите три кола во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант вчера на свој терен со 2:1 го победи Шахтар, а моментот вреден за истакнување се случи во 36-тата минута.

Тоа е акцијата по која Фермин Лопес даде гол за 2:0 за Барселона. Младиот 20-годишен играч биеше од работ на шеснаесетникот и од стативата ја смести топката во мрежата.

Од Барселона се пофалија дека во своите редови имаат фудбалер кој има „топ“ во ногата затоа што шутот по којшто беше постигнат голот бил упатен со брзина од 230 километри на час.

Во светскиот фудбал досега не е измерена толкава брзина на топката при постигнување гол. Досегашниот рекорд го држеше Руни Хеберсон од Спортинг Лисабон, кој успеал да даде гол со брзина на топката од 210 километри на час. Трет е Аријан Робен, кој дал гол со шут кој имал брзина од 190 км на час, а потоа следува Стивен Рид (189 км на час), додека петти е Роналд Куман со шут кој се движел со брзина од 188 км на час.

Спектакуларниот погодок на Лопес може да го видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести