На „Паркот на принцовите“ имаше кореографија од која застанува здивот (Видео)

Пари Сен Жермен со 3:0 го победи Милан во дербито на денот во Лигата на шампионите. Со овој триумф францускиот првак се искачи на врвот на табелата со шест бода, додека Милан е последен со два бода и ниту еден даден гол во првите три кола.

Пред мечот на „Паркот на принцовите“ навивачите на ПСЖ направија креативна кореографија. На трибината на која се најверните навивачи беше истакната фотографија од покојниот француски глумец Жан-Пол Белмондо, кој во раката држи пиштол, а имаше и парола на која пишуваше: „Ги имам на нишан како Белмондо“. На другиот дел од стадионот имаше голема фотографија од црвен ѓавол, кој е симбол на Милан, а на него стоеше и цел за пукање.

Белмондо, кој почина во септември 2021 година, беше голем љубител на фудбалот, а и самиот играл како голман. Во 1973 година учествувал во „оживувањето“ на клубот. Белмондо помагал финансиски и сè што требало околу организацијата на ПСЖ. Токму затоа, во негова чест, пред мечот со Милан токму Белмондо беше во главна улога во кореографијата на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести