Женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 0-2 на свој терен од Косово и речиси ги загуби шансите за преселба во Лига Б од Лигата на нации, па ќе останеме во сегментот Ц, меѓу најслабите во Европа.
Головите на средбата во Скопје одиграна попладнево паднаа во првото полувреме, а стрелци беа Лимани и Халилај. По две кола, Косово и Бугарија имаат по 4 бода, Македонија е без бод. Сега за избраничките на селекторот Кирил Изов следува гостување кај Косово.