Тејлор Свифт сака да го купи најстариот фудбалски клуб на светот, доби урнебесен одговор од сопствениците

Најпозната музичка ѕвезда, Тејлор Свифт, е заинтересирана да го купи најстариот професионален фудбалски клуб на светот, Нотс каунти, но на урнебесен начин беше одбиена.

Актуелните сопственици на Нотс каунти, Крис и Алекс Ридс на оригинален начин ја одбија понудата на американската пејачка, цитирајќи стихови од нејзините песни.

„Жал ние што мораме да ги разочараме фановите на Тејлор Свифт меѓу нашите фанови, но мораме веднаш да ја отфрлиме оваа приказна. Нема никаква „лоша крв“ меѓу тејлор и нас, но ова е многу интересен период за нашиот тим и мораме да кажеме дека таа ниту во најлудите соништа не може да помисли дека ќе и ја препуштиме контролата над клубот. Ќе оставиме празно место на утрешната музичка листа пред натпреварот за песна од нејзиниот албум како гест на благодарност поради нејзиниот интерес за клубот“, напишаа сопствениците на Нотс каунти на социјалните мрежи.

Нотс каунти се натпреварува во четвртата по квалитет фудбалска лига во Англија, Лига 2 и се наоѓа на второто место.

Тејлор Свифт која пред неколку дена и официјално стана милијардерка, е во врска со играчот на НФЛ-шампионот, Канзас сити чифс, Тревис Келце.

- Оглас -

Најнови вести