Бајката на Жирона уште трае: Победа со гол во 90+1 минута (Видео)

Екипата на Жирона стигна до деветата победа во 11 коло во шпанското првенство, откако минимално со 1:0 славеше над Селта Виго. Херера донесе голема радост за домашните навивачи откако постигна гол во 90+1 минута, кој донесе три бода за Жерона.

Со оваа победа Жирона стигна до 28 бодови и е лидер на табелата во Примера со три бода повеќе од Реал Мадрид, а дури четири повеќе од Барселона. Токму Барселона и Реал Мадрид играат утре во големото Ел Класико, па доколку Кралскиот клуб не победи, Жирона ќе биде лидер и по комплетирање на 11 коло во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести