На нешто повеќе од еден час пред почетокот на најголемото фудбалско дерби на светот меѓу Барселона и Реал Мадрид, познати се составите со кои екипите ќе истрчаат на „Монжуик“.
Иако беше најавено дека Роберт Левандовски се опорави од повредата и ќе биде во нападот на Барселона, тренерот Чави Ернандес се одлучи да го остави на клупата и во нападот да игра со Жоао Феликс и Фермин Торес.
На клупата се наоѓаат и двајцата играчи кои заедно со Левандовски, успеаја да се опорават навреме за да можат да бидат во комбинација за настап, Жил Кунде и Рафиња.
тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за првпат откако седи на клупата на Кралевите, нема да го започне мечот против Барселона со Лука Модриќ. Неговото место го зазеде Џуд Белингам кој игра неверојатно и е најдобар играч на Кралевите во досегашниот дел од сезоната.