Лајпциг проба да го имитира Баерн, ама не успеа, даде „само“ 6 голови

Лајпциг го разби Келн со 6-0 и дојде до шестата победа после девет кола во Бундеслигата.

Јарците во претходното коло ја извојуваа својата прва победа сезонава, но денеска беа немоќни против разиграните Црвени бикови.

Четири гола паднаа во првото полувреме, па Лајпциг беше на пат да ја повтори голеадата на Баерн кој со 8-0 го разби Дармштад, но доцна ги постигнаа петтиот и шестиот гол против Келн.

Лајпциг има дадено 25 гола после девет кола и тоа е нивен рекорд, досега никогаш немале повеќе од 20 гола после првите девет рунди во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести