Ливерпул победи за Луис Дијас, Премиер лигата го има новиот Руни (Видео)

Ливерпул со 3-0 го надигра Нотингем Форест, Брајтон и Фулам ремизираа 1-1, а Астон Вила без проблеми беше подобра од Лутон со 3-1, во дуели од англиската Премиер лига одиграни попладнево.

Црвените беа мотивирани да победат, а кога даде гол Диого Жота за 1-0, Португалецот зеде во раце и крена дрес на соиграчот Луис Дијас кој не играше од лични причини, после вчерашниот шок кога беа киднапирани неговите родители. Драмата во Колумбија заврши среќно за семејството Дијас, но Луис не можеше да игра.

Навивачите на Ливерпул истакнаа и неколку палестински знамиња и покажаа на чија страна се во војната на Блискиот исток.

После оваа победа, Ливерпул е моментно трети на табелата, со три бода помалку од првопласираниот Тотенхем.

На средбата во Брајтон, голот за домашните го даде Иван Фергусон, кој стана прв тинејџер по Вејн Руни од 2005 година, што во една календарска година постигнал двоцифрен број на голови во Премиер лигата.

Погледнете го третиот гол на Ливерпул кој го постигна Мо Салах, после голема грешка на голманот на Шумарите:

- Оглас -

Најнови вести