Квотите на денот на SPORT LIFE нудат и по еден меч од турското, белгиското и португалското првенство, а ние како дополнување ви предлагаме уште по една средба од Италија и Франција. За денеска ви предлагаме да ги играте овие пет меча во кои гостинските тимови или се фаворити или ќе се борат за триумф, за отворање на колото во своите првенства за да направат притисок врз ривалите кои играат викендов.
Кајсериспор – Фенербахче (18.30 часот)
Фенербахче полека излегува од криза, врза две победи по ред, но тоа беа средби на домашен терен, а дуелот со Кајсери е посериозен испит за можностите на Фенер надвор од својот стадион (од 16-ти септември не победиле на гости). Кајсериспор, кој има само еден бод помалку од „канаринците“, се специјализираше за играње нерешено, има четири ремија по ред.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)
Генк – Стандард (20.30 часот)
Генк беше изненаден од Мускрон во 90-тата минута, а белгискиот првак има низа од четири меча со „гол-гол“. Стандард пет кола не знае за пораз и мора сериозно да биде сфатен, а и тие често знаат и да дадат и да примат гол. Во Генк не забораваат дека лани во мај загубија во Лиеж со 0-5.
Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.90)
Мореиренсе – Порто (21.30 часот)
Порто е тим со најдобра одбрана во Португалија, има примено само 11 голови во 20 кола, а Мореиренсе е петти на табелата, но најнеефикасен е меѓу најдобрите десет тима на табелата. Порто треба да се вади за поразот во Купот, а во последните пет меѓусебни меча со вечерашниот ривал нема пораз.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.90)
Дижон – Олимпик Марсеј (20.45 часот)
Дижон со сите сили се бори да побегне од опасната зона, од која го делат само два бода. Но, не е во добра форма и вечерва ќе му биде тешко. Марсеј го напаѓа четвртото место на Сент Етјен, а и традицијата ги фаворизира гостите.
Предлог тип: 0-2 гола (1.90)
Киево – Рома (20.30 часот)
На Киево ќе му треба чудо за да го зачува прволигашкиот статус, но тоа изгледа како невозможна мисија, па секој освоен бод е проблем и кратење на планирани три за противникот. „Летечките магариња“ ја имаат најлошата одбрана во Серија А, а против Рома не знаат за победа во претходните 11 соочувања. На четири од последните пет меча паѓаа барем четири гола.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.35)