Епилог на аферата Бакнеж: ФИФА го исфрли Рубијалес од фудбалот на три години

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација на три години го суспендира поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, поради аферата Бакнеж.

За време на суспензијата, Рубијалес не смее да извршува никаква функција во национални или меѓународни фудбалски одбори.

Причина за суспензијата е бакнежот на Рубијалес со шпанската фудбалерка Џени Ермосо за време на свечената церемонија на доделување на медалите по финалето на Светското првенство. Тогаш Рубијалес во уста ја бакна Ермосо, и тоа пред камерите.

По враќањето во Шпанија, Ермосо изјави дека не ѝ се допаднал потегот на Рубијалес и не му дала дозвола да ја бакне. Потоа поднесе тужба против Рубијалес, кого го чека судски процес во судот во Мадрид.

Обвинителството побара судот да донесе забрана за приближување на Рубијалес до Ермосо на 500 метри, што е прифатено, а во случај да биде прогласен за виновен, може да биде осуден максимално на четири години затвор или парично.

Рубијалес постојано се правдаше дека бакнежот бил обостран и под притисок на медиумите и шпанската влада, поднесе оставка од функцијата претседател на Фудбалската федерација на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести