Пандев: Жал ми е што Панчев не му помогна на македонскиот фудбал, а можеше!

Горан Пандев и Дарко Панчев се најдобрите и најуспешни македонски фудбалери, секој од нив за себе смета дека е најдобар во историјата на макфудбалот, но, за жал, тие не се во добри односи, што се потврдува и со неодамнешното интервју на струмичанецот за српски „Блиц“.

Пандев, кој е рекордер во историјата на македонската репрезентација по број на настапи и голови, а за првпат ја однесе Македонија на ЕП, го искритикува Дарко Панчев, кој е многу популарен во Србија, особено меѓу фановите на Црвена ѕвезда, за која го даде решавачкиот гол од пенал во финалето на Купот на европските шампиони во 1991 година, година во која беше прв стрелец во Европа.

„Панчев беше најдобар во свое време, како деца сите навивавме за Ѕвезда или за Партизан. Мој идол во детството повеќе беше Савичевиќ отколку Панчев. Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал. Такво име можеше многу да помогне, но не го направи тоа и жал ми е што е така“, рече Пандев, кој откако заврши со играњето, се фокусира на работата како претседател на клубот Брера Струмица.

 

 

- Оглас -

Најнови вести