Против Англија ќе играме на „тепих”: Подлогата на теренот е веќе поставена

Фудбалската репрезентација на Македонија следниот домашен дуел од квалификациите за Европското првенство против Англија ќе го одигра на новиот хибриден тревник на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.

Веќе е завршено поставувањето на „тепихот”, останува само уште да порасне тревата за тревникот да го добие својот финален изглед.

Како што е веќе познато, новиот тревник на Арената е донација на ФФМ и ќе биде еден од најсовремените. Хибридниот терен, како што се нарекува, значи дека тој се состои од 70% вештачка трева и 30% природна. Ваквиот тревник трајно ќе го реши веќе хроничниот проблем со лошиот терен во Скопје, на кој забелешки имаа сите екипи и репрезентации кои гостуваа, но и нашите репрезентативци.

Првиот натпревар на новиот хибриден терен во Скопје е оној против Англија, кој ќе се одигра на 20 месецов.

 

 

- Оглас -

Најнови вести