Пропадна најавената мини-турнеја на Лионел Меси и Интер Мајами во Кина. Од Интер соопштија дека промотерот на турнејата ги известил дека има „непредвидени пречки“ и тоа е причина за откажувањето.
Инаку тимот во кој главна ѕвезда е Меси, требаше да игра две контроли во Кина, на 5 и 8 ноември.
Тоа требаше да биде осма посета на Меси во Кина, прва како играч на Мајами, и да се соберат над 100 илјади гледачи. Во последните денови се појавија информации дека за еден од двата меча имало проблем со продажбата на билети.