Чеканите го исфрлија Арсенал од Лига купот (Видео)

Фудбалерите на Вест хем се пласираа меѓу осумте најдобри во Лига купот откако вечерва го совладаа градскиот ривал Арсенал. Чеканите славеа со убедливи 3:1 во осминафиналето на Лига купот.

Резултатот го отвори дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, кој по корнерот на Боувен, лошо реагираше и топката ја смести во сопствената мрежа.

На стартот од вториот дел, Мохамед Кудус по асистенцијата на Агуед, зголеми на 2:0, а Боувен во 60-тата минута погоди за убедливи 3:0 и заверка на пласманот во четвртфиналето на Лига купот.

Топчиите во последната минута од судиското продолжение преку Мартин Одегард постигнаа почесен гол.

- Оглас -

Најнови вести