Сензација во Германија, третолигаш го елиминира Баерн од Купот (Видео)

Фудбалерите на Сарбрикен приредија вистинска сензација со победата над Баерн Минхен во втората рунда од Купот на Германија. Иако речиси никој не му даваше никакви шанси, третолигашот со 2:1 го совлада Баерн Минхен и се пласира во осминафиналето на Купот.

Баерн поведе со голот на Томас Милер, со што речиси сите помислија дека ќе следува нова убедлива победа на шампионот (викендот славеше со 8:0), но во последните моменти од првиот дел Сонтхајмер го израмни резултатот.

Во второто полувреме, тренерот на Баерн, Томас Тухел, одлучи во игра да ги стави најголемите ѕвезди на екипата, но и тоа не вроди со плод. Играчите на Сарбрикен одлично се бранеа и во 96-тата минута успеаја да постигнат гол преку Гаус за сензационална победа.

Ајнтрахт Франкфурт не го повтори киксот на Баерн и со 2:0 славеше како гостин против Викторија Келн, додека Херта Берлин го елиминира Мајнц откако победи со 3:0.

- Оглас -

Најнови вести