Хрватот Тео Чориќ е новото засилување за Металург. Хрватот потпиша едно и пол годишен договор, а во тимот од Автокоманда треба да се приклучи на 15 февруари.
Чориќ досега настапуваше во екипата на Рајн Викинг, во германската втора лига. Овој тим се соочува со административни и финансиски проблеми, па играчите почнаа да си заминуваат. Тоа го искористија од Металург и потпишаа со 197 сантиметри високиот и 120 килограми тешкиот пивот.
Кариерата на Чориќ започнува во Пореч, а има играно и за Загреб, Штутгарт и Рајн Викинг. Негова главна специјалност е играта во одбраната.