Баерн е фаворит на дербито во Дортмунд за над две третини од прогнозерите

На два дена пред истекот на рокот за типување во деветтото коло на Спортска прогноза сезонава станува јасно дека Баерн Минхен е голем фаворит против Борусија Дортмунд на мнозинството играчи кои досега се изјасниле и веќе типувале.

Процентите може да се сменат до сабота во 14 часот, до кога трае типувањето за ова коло во бесплатната забавна игра, но тешко дека ќе дојде до голем пресврт барем кај овој пар бидејќи засега 68 проценти од играчите типувале победа на Баварците.

За максимални 13 погодоци следува главна премија, а тоа значи дека прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

За 12 погодени мечеви следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка следува ваучер од 500 денари. Во претходното коло ваучер од 500 денари си доби Наумче, кој погоди 11 натпревари.

Освен популарното „Дер Класикер“, што ќе се игра во Дортмунд, во ова коло ќе има уште неколку интересни средби кои за прогнозерите ќе бидат предизвик да ги погодат. Над половина веруваат во победа на Интер кај Аталанта и на Јувентус во Фиренца против Фиорентина, а поделеноста е голема за дербито во Англија, каде што Њукасл го пречекува Арсенал, иако за нијанса предност им се дава на гостите, само една четвртина се за кец.

 

- Оглас -

Најнови вести