Ѕвезда конечно ќе победи во Евролигата, сите пет домаќини вечерва се фаворити (Фото)

Кошаркарската Евролига за вечерва нуди пет мечеви во кои, според квотите во Sport Life, домашните екипи се домаќини. Најтесно треба да биде во Милано, каде што гостува Монако, а еден од кецовите треба да биде и на дуелот во Белград, каде што Црвена ѕвезда го пречекува Баерн Минхен.

Ѕвезда тргна со победа, но има серија од четири порази по ред, а Баерн е на 2-3. Баварците губеа во претходинте две кола и ќе бидат аутсајдери на гостувањето во „Штарк арената“.

Во Sport Life има богата понуда на индивидуалци. Дури за 50-мина кошаркари од вечерашните средби може да погодите колку поени ќе уфрлат. Тука се и 24-ица играчи за кои може да типувате колку скокови ќе имаат, како и 22-ца играчи во понудата за број на асистенции.

Играчи како ѕвездата на Монако, Мајк Џејмс, Шенон Шилдс од Милано, Томас Волкап од Олимпијакос, Дишон Пјер од Фенербахче, Нандо де Коло од Асвел, Крис Џонс од Валенсија, Јоханес Тилман од Алба и Исак Бонга од Баерн ги има во сите категории.

На пример, границата за поени кај Џејмс е на 17,5, а може да погодувате и дали ќе има повеќе или помалку од 5,5 асистенции и плус или минус 3,5 скока.

 

- Оглас -

Најнови вести