Хрватскиот нисколигаш кој продаде играч во Барселона, пронајде нов голем талент

Хрватскиот тим Кустошија нема никакви позначајни резултати на домашна сцена, но затоа се прослави на меѓународниот фудбалски пазар откако успеа да продаде фудбалер во Барселона. Пред нецели пет месеци, Кустошија успеа да го продаде талентираниот Микеј Фаје. Младиот 18-годишен Сенегалец, кој игра во дефанзивниот ред, замина во каталонскиот гигант за трансфер вреден пет милиони евра, плус бонуси од следниот трансфер.

Дека тој трансфер на Кустошија не е случаен, се потврдува со тоа што се случува деновиве. Хрватскиот тим испадна од Втора лига и сега е третолигаш, но успеа да најде нов талент од африканскиот континент.

Се работи за Баје Кулибали, младински репрезентативец на Мали. Кулибали има само 17 години и го сметаат за еден од најголемите таленти во Африка на позицијата дефанзивен играч за врска.

Кустошија за Кулибали плати 300.000 евра отштета, а тимот на Академија фудбал од каде што пристигнува талентот, ќе добие и 25 отсто од парите што ќе бидат платени за следниот трансфер на тинејџерот.

- Оглас -

Најнови вести