Туниската тенисерка Онс Жабер стигна до првата победа на завршниот ВТА Мастерс во Канкун, Мексико. Жабер беше подобра од Маркета Вондроушова со 6:4, 6:3 и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето. Во третото коло, Жабер ќе треба да ја победи Ига Швонтек.
По триумфот над Вондроушова, Жабер не се радуваше многу и упати порака која се однесуваше на конфликтот кој се случува меѓу Израел и Палестина.
„Многу е тешко да се гледа како деца и бебиња умираат секој ден. Тоа ми го крши срцето. Затоа решив да донирам дел од парите кои ќе ги добијам од овој турнир, и тоа за помош на Палестина. Не можам да бидам задоволна по оваа победа, посебно кога ќе се сетам што се случува. Тука сме поради тенисот, но тоа е многу фрустрирачки. Ова не е политичка порака, само хуманост, затоа што сакам да има мир во светот“, низ солзи рече една од најдобрите тенисерки на денешницата.
Ons Jabeur says she’s donating a portion of her prize money to Palestine:
“I am very happy with the win but I haven't been very happy lately. The situation in the world doesn't make me happy… I feel like… I am sorry. It’s very tough seeing children & babies dying every day.… pic.twitter.com/fVBz9McSjU
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) November 2, 2023
Жабер е двократна финалистка од Вимблдон во 2022 и 2023 година, а играше финале и на Отвореното првенство на САД минатата година. Сепак, оваа тенисерка уште чека да се израдува на првата гренслем-титула.