Новак Ѓоковиќ се намачи, но на крајот успеа да го победи Талон Грикспор од Холандија во второто коло на АТП Мастерс-турнирот во Париз. Српскиот тенисер беше подобар со 2:1 во сетови, и тоа откако го загуби првиот сет. На крајот фаворитот се радуваше во меч кој траеше повеќе од два и пол часа.
Мечот започна како што посакуваше Ѓоковиќ, кој поведе со 3:0 во гејмови во првиот сет, а потоа и со 4:1. Сепак, кога се очекуваше дека Србинот лесно ќе го добие првиот сет, се случи чудо. Грикспор успеа да добие дури пет гејма по ред против најдобриот тенисер во светот и од негатива 1:4 успеа да го добие првиот сет со 6:4.
https://twitter.com/i/status/1720164209625903389
Во вториот сет немаше ниту еден брејк, па откако стигнаа до 6:6, тајбрејкот решаваше кој ќе го добие. Во таква ситуација Ѓоковиќ уште еднаш потврди зошто е крал на тајбрејковите и брзо стигна до 5:0, а потоа и до 7:2 за го добие вториот сет.
Многу неизвесност имаше и во решавачкиот трет сет. Ѓоковиќ со брејк стигна до 4:2, но потоа следуваше контраудар на Грикспор, кој направи рибрејк и стигна до 4:4. Сепак, тоа како да го налути Ѓоковиќ, кој потоа успеа да добие осум поени по ред, да добие два гема (еден на сервис на противникот) и на крајот стигна до победа од 6:4 и си обезбеди место во четвртфиналето.