Најтрофејниот холандски клуб Ајакс на свој терен во Амстердам се намачи, но на крајот успеа да го победи тимот на Волендам, и тоа со 2:0, во заостанат дуел од третото коло на тамошното првенство.
Со оваа победа, Ајакс ја прекина низата од 10 средби без триумф во сите натпреварувања (седум порази и три нерешени) и првпат радосни си заминаа играчите на гигантот од Амстердам по пауза од речиси два и пол месеца.
Репрезентативниот напаѓач на Холандија, Стивен Брегвијн, беше херојот на Ајакс откако успеа да постигне гол во 57-мата минута. Во финишот на дуелот, односно во 89-тата минута, домаќините повторно се израдуваа кога Акпом погоди со глава и ги реши сите дилеми околку победникот, недозволувајќи да има драматична завршница.
По оваа победа Ајакс избега од дното на табелата во домашното првенство. Ајакс сега има осум бода од девет средби и е на 15-тото место на табелата, додека Волендам остана само на седум бода, колку што има и последниот Утрехт.