Меси повторно не тренира, неизвесен е за дуелот против Атлетик Билбао

Капитенот на Барселона Лионел Меси повторно не тренира. Аргентинскиот виртуоз го прескока последниот тренинг на тимот и засега е неизвесно дали ќе може да настапи на претстојното гостување кај Атлетик Билбао. Дуелите на „Сан Мамеш“ секогаш биле интересно, а доколку Меси не биде подготвен за настап, тоа ќе биде голем проблем за Барселона.

Меси се повреди на мечот против Валенсија, па поради тоа не беше во стартниот тим на „Ел Каласико“ против Реал Мадрид, во првиот дуел од полуфиналето на Купот, кога каталонците на свој терен одиграа 1:1. На тој меч, Меси ги одигра последните 30-тина минути, но по се изгледа повредата не е целосно санирана.

По 22 меча во Примера дивисион, Барселона е лидер со 50 бодови, пред Атлетико Мадрид со 44 и Реал Мадрид со 42 бодови. Атлетик Билбао е на 12 место на табелата и е само три бода повеќе од Рајо Вајекано кој е во зоната за испаѓање.

Освен дилемата дали ќе игра Меси на следниот меч, сигурно е дека кај гостите ќе го нема Артур Мело, кој ќе паузира во следните три-четири недели. Тој ќе ги пропушти дуелите против Атлетик Билбао, Валјадолид, Севилја, како и мечот од Лигата на шампиони против Олимпик Лион.

 

- Оглас -

Најнови вести