Хаос пред финалето, на Копакабана не се памети вакво нешто, како да има војна

Присуството на десетици илјади навивачи на Бока јуниорс во Рио де Жанеиро за утрешното финале од Копа Либертадорес против домашниот Флуминенсе предизвика тензии и инциденти во најголемиот бразилски град, и тоа на славната плажа Копакабана и околината.

Фановите на популарниот Флу приредија заседа и ги нападнаа Аргентинците. За да ги раздвои, реагираше и полицијата, која беше вооружена „до заби“.

На навивачите на Бока им беше дозволено да истакнат големо знаме на плажата и тоа беше протолкувано како провокација, па затоа дошло и до нередите.

Од КОНМЕБОЛ (Фудбалска федерација на Јужна Америка) објавија соопштение во кое ги повикаа фановите на двата тима да го слават фудбалот и ги потсетија дека вредностите на спортот се среќа, мир и хармонија.

https://twitter.com/i/status/1720243077070164109

- Оглас -

Најнови вести