УЕФА станува коорганизатор на Златната топка

УЕФА постигна договор со медиумската компанија која ги поседува спортскиот весник „Л‘екип“ и магазинот „Франс фудбал“, кои од 1956 година наваму доделуваат Златна топка за фудбалер на годината.

Од следната 2024 година и УЕФА ќе учествува во организацијата на доделувањето на наградата, а новина ќе биде и воведувањето на награда за најдобар тренер во машки и женски фудбал.

Французите остануваат сопственици на брендот Златна топка и ќе ја имаат контролата околу гласањето, остануваат истиот систем и независност. УЕФА ќе внесе фудбалска експертиза во проектот, ќе ги промовира комерцијалните права низ светот и ќе ја организира гала-вечерта на доделување на наградите.

УЕФА ќе продолжи да дава награди за најдобрите во нивните натпреварувања, како Лигата на шампионите и Европско првенство.

Во 2024 церемонијата на доделување на наградите повторно ќе биде во Париз, но од 2025 не е исклучено да има преселба во друг град.

- Оглас -

Најнови вести