Тијаго Силва ја откри тајната на долгата кариера

Бразилскиот репрезентативец Тијаго Силва и на 40 години игра одлично во дресот на Челзи, а сега ја откри тајната на неговата долга кариера.

Силва сезонава ги одигра сите десет меча за Сините во Премиер лигата, притоа играјќи по 90 минути, а сега за весникот „Гардијан“, откри како успева да игра на врвно ниво и кога влезе во петтата деценија.

Бразилецот има тим од седум луѓе кои се грижат за неговата форма и кариерата, и тоа се: личен лекар, физиотерапевт, нутриционист, агент, адвокат, менаџер, личен тренер и пи-ар менаџер.

„Денеска голем број од младите луѓе ваквата инвестиција ја гледаат како трошок и сметаат дека е фрлање пари. Јас го мислам спротивното, тоа е инвестиција“, вели Тијаго Силва, кој потоа откри како изгледа еден негов ден.

„Се будам околу 8 часот, а во 8.45 мора да бидам во кампот. Доаѓам, ќе испијам кафе, потоа ги извршувам обврските што ги имам, по што следува тренингот. По него следува време за одмор и кога ќе дојдам дома, два часа поминувам во хипербарна комора. Потоа мојот тим ја презема обврската околу исхраната и потребните суплементи. Се обидувам кога сум дома, да ѝ помагам на сопругата што е можно повеќе. Сега можеби помалку тренирам, а повеќе време посветувам на закрепнувањето“.

- Оглас -

Најнови вести