Партизан не успеа, драмата во Баскија ѝ припадна на домашната Басконија

Екипата на Партизан доживеа пораз во драматичниот евролигашки меч на гостувањето кај Басконија со само пола кош, односно со 84-83. Одлучувачки за победата на домашните беа слободните фрлања во последните секунди, кои значеа и пресврт за победа на Басконија.

Резутатската нишалка на мечот започна во корист на домашниот состав, но на почетокот од вториот дел белградските “црно-бели“ ја презедоа резултатската контрола и до самиот финиш имаа предност. Сепак, на крајот Партизан успеа да изгуби се што долго градеше во мечот и загуби со 84-83.

Двајца кошаркари го завршија мечот со по 16 поени, нигериецот Монеке од домашниот состав и американецот Нанали од Партизан.

На останатите два евролигашки натпревари кои се одиграа вечерва, Барселона очекувано го победи Панатинаикос на домашен терен со 80-72, додека Виртус Болоња со 93-81 беше подобра од турскиот Анадолу Ефес.

- Оглас -

Најнови вести