ПСЖ е нов лидер во Франција, макар и само привремен (Видео)

Екипата на ПСЖ после долго време се врати на лидерската позиција во француската Лига 1, откако вечерва со убедливи 3-0 го совлада Монпеље на домашен терен. Сепак, ПСЖ може на оваа позиција да се задржи само привремено, со оглед на тоа дека има меч повеќе од Ница, која во недела на домашен терен го пречекува Рен.

“Светците“ многу брзо дојдоа во водство, уште во 10-тата минута преку Ли Канг. Во второто полувреме фудбалерите на ПСЖ постигнаа уште два погодоци преку Заир-Емери во 58-мата и Витиња во 66-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести