Најголемото гостување во историјата на спортот: продавале мотори, Плејстејшн и други вредни работи само да бидат дел од фештата (Видео)

Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс вечерва од 21 часот на „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе игра во финалето на Копа Либертадорес купот против Флуминенсе. Иако „Маракана“ е домашен стадион на Флуминенсе, Бока Јуниорс е како да е дома во Буенос Аирес. Тоа е така, затоа што во Рио де Жанеиро пристигнаа преку 100.000 навивачи на аргентинскиот гигант.

Инвазијата кон Рио де Жанеиро беше по копнен пат (со автобуси и автомобили), како и по воздушен пат преку чартер летовите и комерцијалните летови кон најпознатиот бразилски град.

Од овие преку 100.000 навивачи, се проценува дека само 23.000 имаат влезници за мечот и ќе бидат на „Маракана“, додека останатите се дојдени само за да направат атмосфера за историја.

https://twitter.com/i/status/1720702413739327525

Најразлични приказни има меѓу фановите кои се пристигнати во Рио де Жанеиро. Татко и син се радуваат што се дел од атмосферата на легендарната плажа Копакабана, а откриваат дека за да дојдат таму, морале да го продадат моторот и Плејстејшнот.

„Татко ми го продаде моторот, а јас Плејстејшнот, само за да дојдеме тука. Немаме ни влезници, но ова е Бока“, радосно кажуваше момчето.

https://twitter.com/i/status/1720565449039953982

- Оглас -

Најнови вести