Жирона не се шегува: Убедливо победи во Памплона и повторно е лидер во Шпанија!

Екипата на Жирона стигна до 10-тата победа сезонава и тоа по само 12 одиграни кола, откако со 4:2 победи на гостувањето во Памплона против Осасуна. Со овој триумф Жирона сега има 31 бодови и е лидер на табелата, пред Реал Мадрид кој има 28, но и меч помалку, тој против Рајо Ваљекано утре.

Мартин погоди за водство на Жирона по само 16 минути, но потоа Осасуна заигра подобро и направи пресврт. Будимир прво погоди за 1:1 во 25 минута, а на почетокот на вториот дел Осасуна повторно со голот на Будимир стигна до 2:1 во 55 минута.

Овој резултат не ги разочара гостите кои одиграа фуриозни 20 минути. Најпрво украонскиот репрезентативец Довбик погоди за 2:2, а потоа следуваше погодок на Циганков за 2:3 во 80 минута, а во последните минути гостите се израдуваа и по четврти пат, благодарение на погодкот на Гарсија.

За Жирона ова е петта победа во шестото гостување сезонава и покажува дека засега е рамо до рамо со најдобрите во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести