Англискиот првак Манчестер сити немаше милост во дуелот против Борнмут и славеше убедливо со 6:1 во меч од 11 коло на Премиер лигата. Со овој триумф, Граѓаните стигнаа до 27 бодови и сега се лидери на табелата, пред Тотенхем кој в понеделник го очекува градско дерби против Челзи.
Прва ѕвезда на мечот беше Жереми Доку, фудбалерот кој пред почетокот на сезоната, за сума од 65 милиони евра, дојде во Манчестер сити од редовите на француски Рен. Дека тие пари не се залудно дадени, белгискиот репрезентативец потврди денеска, постигнувајќи еден гол, а имаше и дури четири асистенции.
Доку погоди за 1:0 во 30 минута, а потоа асистираше за погодоците на Бернардо Силва и Аканџи, па Сити на полувреме водеше со 3:0. Во вториот дел, актуелниот првак продолжи да напаѓа, а Доку да асистира. Во 64 минута Доку додаде за погодок на Фоден, а потоа асистираше и за вториот погодок на Силва. Серијата погодоци во мрежата на гостите ја заврши Аке со погодок во 88 минута. Синистера беше стрелец на почесниот гол за гостите кои останаа со само шест бода од 11 кола.
Во меч со многу возбудувања Брентфорд со 3:2 го победи Вест хем, Кристал Палас на гости славеше кај Барнли со 2:0, а Шефилд јунајтед со гол во 90+11 минута стигна до триумф против Вулверхемптон со 2:1. Победник единствено немаше на мечот Евертон – Брајтон кој заврши со резултат 1:1.