Баерн ѝ одржа лекција на Борусија, Кејн го презеде врвот кај стрелците во Бундес лигата (Видео)

Баерн Минхен на крилјата на Хари Кејн дојде до убедлива победа од 0-4 на гостувањето во Дортмунд, против Борусија. Англискиот репрезентативец го постигна третиот хет-трик за “баварците“ и е најзаслужен за победата кај лутиот ривал.

Резултатот го отвори Упамекано уште во четвртата минута, а само пет минути подоцна Кејн го постигна својот прв погодок на овој натпревар. Англичанецот уште двапати стрелаше прецизно, во 72-рата и 93-тата минута.

Со денешниот хет-трик Кејн се искачи на врвот од листата на стрелците во Бундес лигата со 15 голови на 10 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести