Екипата на Флуминесе има водство од 1-0 на полувреме против Бока Јуниорс во финалето на Копа либертадорес.
Мечот кој деновиве привлече големо внимание, пред се поради 100.000 аргентинци кои пристигнаа во Рио да Жанеиро со намера да го гледаат финалето, а притоа предизвикаа низа на инциденти, има неверојатен развој во првото полувреме.
Единствениот погодок после првите 45 минути е дело на Херман Кано, аргентинец, чие семејство навива токму за Бока јуниорс.