Барселона со песна од Баскија, “каталонците“ се спасија во 93-тата минута (Видео)

Фудбалерите на Барселона дојдоа до победата на гостувањето во Баскија во последните моменти од натпреварот, откако Араухо во 93-тата минута го постигна победничкиот гол против Реал Сосиедад.

Каталонците со оваа победа се израмнија по бројот на бодови со Реал Мадрид на втората позиција, но имаат три поени помалку од каталонскиот ривал и сензационален лидер во Ла Лига, екипата на Жирона. Сепак, екипата на Реал Мадрид утре треба да го одигра својот натпревар против Рајо Ваљекано, па може да дојде до промена на табелата со евентуална победа на “кралскиот“ клуб.

- Оглас -

Најнови вести