Фенербахче го декласира Панатинаикос со 85:66 и на 8 кола до крајот на регуларниот дел во Евролигата прв обебзеди настап во Топ-8 фазата.
Најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ сака нова европска титула, а како игра Фенербахче нема да биде изненадување ако повторно се искачи на европскиот трон.
Против Панатинаикос вечерва сите дилеми околу победникот беа разрешени за само 20 минути, а турскиот шампион имаше предност на полувремето од 19 поени разлика, 48:29.
Потоа домаќините малку го намалија темпото, но Панатинаикос беше преслаб противник за евентуално чудо во Истанбул, па Фенер ја забележа 19. победа во 22 кола и е прв тим што си обебзеди настап во завршницата.
Николо Мели со 14 поени беше прв стрелец кај лидерот во Евролигата, а Шон Килпатрик со 19 понеи кај Панатинаикос беше најефикасен на мечот.