Црвена ѕвезда очекувано славеше на својот стадион „Рајко Митиќ“ против Радник Сурдулица со 3:1 во меч од 14. коло на Супер лигата во Србија. Фаворитот водеше со 2:0, но гостите не се предадоа и на 20-тина минути пред крајот погодија за 2:1 и неизвесна завршница.
Во 90 минута беше досуден пенал за домаќините, а одговорноста ја презема Канга. Фудбалерот на Црвена ѕвезда шутираше силно, но голманот на гостите Ранѓеловиќ успеа да одбрани. Сепак, топката доби чудна ротација и додека Ранѓеловиќ беше на земја, таа се стркала до другиот крај од голот и на крајот заврши во мрежата.
Овој несекојдневен пенал и погодок може да го погледнете ТУКА.
Со оваа победа, Црвена ѕвезда се искачи на второто место на табелата со 31 бодови, три помалку од лидерот Партизан кој утре ќе гостува кај Нови Пазар.