Црвена ѕвезда го израмни светскиот рекорд на Реал Мадрид

Фудбалерите на Црвена ѕвезда без многу проблеми славеа на свој терен против Радник од Сурдулица со 3:1, а овој меч има посебно значење за Црвено-белите. Со оваа победа, Црвена ѕвезда го израмни светскиот рекорд на Реал Мадрид по бројот на одиграни средби без пораз на домашен терен во националното првенство.

Актуелниот српски првак вчера по 121 пат во Суперлигата остана непоразен на својот стадион „Рајко Митиќ“. Оваа неверојатна серија започна на 30 април 2017 година со победата над Војводина. Од тогаш, до сега, Црвена ѕвезда има 109 победи и само 12 нерешени средби пред домашната публика на „Рајко Митиќ“.

Иста низа од 121 натпревар без пораз во првенството на домашен терен имал и Реал Мадрид во периодот од 1957 до 1965 година. Црвена ѕвезда ќе има шанса да стане апсолутен светски рекордер на 9 декември кога во првенството ќе биде домаќин на Младост од Лучани и единствено што треба е Црвено-белите да не загубат.

- Оглас -

Најнови вести