Екипата на Флуминенсе првпат во својата историја го освои трофејот во јужноамериканскиот паднан на европската Лига на шампионо, Копа либертадорес. Важен дел од екипата која стигна до историскиот успех беше и легендата на Реал Мадрид, Марсело.
Тој во “кралскиот“ клуб мина 15 години и освои 25 трофеи, од кои дури пет во Лигата на шампионите, но после тримфот во Копа либертадорес, низ солзи изјави дека токму овој трофеј му е најдраг во кариерата.
– “Во Мадрид ќе ме сфатат. Ова ми е најдрагата титула во клупската кариера. Ова е клубот во кој израснав. Реал секогаш ќе ми биде во срцето, но за Флуминенсе ми е тешко и да зборувам.“ – рече Марсело.
Бразилецот од матичниот клуб си замина во 2007-мата година, кога се пресели во Реал Мадрид, каде мина 15 години, а пред да се врати Флуминенсе минатото лето, една сезона играше и во грчкиот Олимпијакос.