Редарите спречиле поголем инцидент: Фудбалер на Борусија предизвикал хаос пред соблекувалната на Баерн

Екипата на Баерн Минхен ја победи Борусија со убедливи 0-4 во Дортмунд и тоа пред се поради расположениот Хари Кејн, кој беше стрелец на хет-трик. Сепак, резултатот го отвори Кингсли Коман, фудбалер кој учествувал во инцидент после натпреварот.

Дефанзивецот на Борусија, Јулијан Раерсон во текот на мечот имаше неколку дуели со Коман, па после натпреварот сакал тоа да го продолжи и пред соблекувалната на гостите. Раерсон долго го чекал Коман пред соблекувалната, но овој не се појавил. Според Билд, Раерсон му се обратил на Гнабри со зборовите: “Каде ти е другото крило?“

Сепак, подоцна Раерсон го пронашол Коман на друг дел од подтрибинскиот простор и тука започнал хаосото, кој можел да прерасне и во далеку поголем инцидент доколку не интервенирале редарите.

На излегување од стадионот, двајцата фудбалери за Билд негирале дека се случил инцидент и изјавиле дека “немало никаков проблем“.

- Оглас -

Најнови вести