Жирона пред две сезони по 12 кола беше 19-та во втората лига, сега по 12 кола е лидер во елитата

Сензационалниот лидер на табелата во шпанското првенство, Жирона, ги собира плодовите од работата на тренерот Мичел, кој пред две години за малку ќе добиеше отказ поради лоши резултати во втората лига.

Жирона е прв тим во Шпанија по Алавес од 2001/2002 кој во оваа фаза од сезоната бил прв на табелата во Примера дивизија, а никогаш не бил шампион на Шпанија. Малку се тимовите коишто имале 10 победи во првите 12 кола, а тоа да не се Реал, Барселона или Атлетико.

Верувале или не, само пред две сезони, во 2021/2022, кога Жирона беше второлигаш, по 12 кола во Сегунда беше дури 19-та на табелата, позиција која води во третиот ранг. И тогаш како и сега, кога се лидери во првата лига и играат супер ефикасен фудбал, тренер им беше Мичел.

- Оглас -

Најнови вести