Англиските легенди: Ова е доказ дека Премиер лигата е најдобра на светот

Дуелот помеѓу Тотенхем и Челзи сè уште е топ тема во светските медиуми. Пет постигнати гола, пет поништени и два црвени картони за Тотенхем, на крајот победа за Челзи од 1-4 во градското дерби.

Стандардно, натпреварот за „Скај спорт“ го анализираа англиските легенди, Џејми Карагер и Гери Невил.

„Гледам фудбал скоро 40 години и како неутрален гледач ќе кажам дека ова беше еден од највозбудливите натпревари кои некогаш сум ги гледал. Ова беше доказ дека Премиер лигата е најсилна во светот“, вели Карагер.

Слично размислува и Гери Невил.

„Ова е првпат екипата која загубила со 1-4 да добие овации од целиот стадион. Ова е луда, луда ноќ. Луда од почеток до крај“, додава Невил.

Тотенхем жестоко се бореше и не се предаде ниту со двајца играчи помалку на теренот, но на рајот сепак Челзи ја искористи бројчената предност и забележа убедлива победа.

- Оглас -

Најнови вести