Хаос по улиците на Милано: Низа инциденти помеѓу навивачите на Милан и ПСЖ (Видео)

Екипите на Милан и ПСЖ вечерва ќе го одиграат дуелот од четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а навивачите на двете екипи уште доцна синоќа ги започнаа нередите низ улиците на Милано.

Во низата инциденти кои се случиле во текот на ноќта, повредени се поголем број навивачи, а еден е потешко и се бори за живот на една од клиниките во Милано. Тој добил неколку убоди од нож во пределот на главата и нозете и лекарите се обидуваат да спасат неговиот живот.

Во инцидентите се повредени и неколку полицајци кои се обидувале да ја смират ситуацијата.

- Оглас -

Најнови вести