Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло и официјално е нов член на белградскиот Партизан.
Овој 28-годишен играч кој може да ги покрие позициите центар и крилен центар, потпиша договор со Црно-белите до крајот на сезоната 2024/2025.
Кабокло во минатата сезона во дресот на германски Улм во Еврокупот имаше просек од 17,4 поени и 7,8 скока по меч. Во текот на кариерата играл и во четири клуба во НБА, најдолго се задржал во Торонто репторс, но најпознат е по добрите игри во репрезентацијата на Бразил. Летоска на Светското првенство имаше просек од 16,4 поени и 9,2 скока по меч.
Кабокло во Партизан ќе го носи дресот со бројот 50. Партизан в четврток во Евролигата го пречекува Фенербахче и тогаш се очекува дебито на Кабокло.
https://twitter.com/i/status/1721898428148662465