Фудбалерите на Шахтар водат со 1:0 против Барселона во првото полувреме од четвртото коло во Лигата на шампионите. На мечот кој се игра на „Фолкспарк стадион“ во Хамбург, украинскиот тим, кој беше поофанзивен од Барселона, поведе со голот на Дамило Сикан во 40-тата минута.
Водство по првото полувреме има Борусија Дортмунд во дуелот со Њукасл. На „Сигнал Идуна парк“, Милионерите доминираа во првото полувреме, имаа неколку одлични шанси, а искористија само една, таа на Никлас Фулкруг во 26-тата минута.