Францускиот олимписки комитет денеска и официјално во Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) поднесе кандидатура за организација на Зимските олимписки игри кои треба да се одржат во 2030 година.
Во пријавата стои дека дури 95 отсто од натпреварувањата ќе се одржат во Савои и Ница.
Извршниот одбор на ИОК одлуката со кои кандидати за организација на ЗОИ 2030 ќе влезе во преговори ќе ја донесе на состанокот кој од 28 ноември до први декември ќе се одржи во Париз.
Досега официјална кандидатура за организација на ЗОИ 2030 година кои треба да се одржат од 8 до 24 февруари поднесоа Швајцарија и Шведска. ИОК конечната одлука за тоа кој ќе биде организатор на ЗОИ 2030 година ќе ја донесе во јули идната година. На истото собрание ќе биде познат и организаторот на ЗОИ 2034, а главен фаворит е америкнаскиот град Солт Лејк сити, кој во 2002 година беше организатор ЗОИ.
Во Париз идната година ќе се одржат Летните олимписки игри.