Поплавен теренот, еден од четирите меча во Купот на Македонија не се игра

Натпреварот од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Работнички и Шкупи нема да се одигра денеска поради лоши временски услови, поточно поплавен е теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.

Тешки се условите и на теренот во Ѓорче Петров, каде што Лавовите се домаќини на Силекс, но таму дренажата е подобра отколку во Маџари и мечот почна.

Во Кавадарци е суво, во Штип врне, но таму нема поголеми проблеми, натпреварите се играат без опасност дека може да бидат прекинати.

- Оглас -

Најнови вести