Продажбата на билети за Македонија – Англија почнува во понеделник!

В понеделник, 13 ноември, ќе започне продажбата на билети за фудбалскиот натпревар Македонија – Англија кој ќе се игра на 20 ноември, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, од квалификациите за ЕП 2024.

Цените на влезниците ќе бидат 400 и 600 денари.

Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Задолжителна е влезница и за деца, без оглед на нивната возраст.

Ова се цените по блокови:

Северна трибина

Блок 13 и 19                             400 денари

Блок 14, 18, 20 и 24                 600 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6                                 400 денари

Блок 2, 3, 4  и 5                        600 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30    400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19 и 20 ноември од 10 до 18 часот.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

- Оглас -

Најнови вести