Вечерва во арените во САД ќе се одиграат дури 14 натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
НБА-вечерта ќе биде отворена во дуелите Индијана – Јута, Шарлот – Вашингтон и Филаделфија – Бостон. Токму дуелот меѓу Филаделфија и Бостон е дерби на вечерта бидејќи еден против друг ќе играат два од трите најголемите фаворити од Источната конференција за пласман во големото финале.
И двата тима имаат идентичен скор на стартот од сезоната, пет победи и еден пораз. Сиксерси ќе имаат дополнителен мотив за победа бидејќи минатата сезона токму Бостон ги елиминира во плејофот, и тоа во седум меча.
Фантастична е понудата на Sport Life за кошаркари за играта „плус-минус“ поени. Во неа има дури 119-мина играчи, па може да се искомбинира со останатите игри од НБА-понудата на Sport life и да се состави тикет за добра добивка.