БРАВО: Евгениј Поп Ацев е примен во Куќата на славните за маратонско пливање

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев е примен во Куќата на славните за маратонско пливање. Свечената церемонија на која Поп Ацев ќе биде примен во Куќата на славните ќе се одржи на 18-ти мај 2024 година во Канкун, Мексико.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во Куќата на славните за маратонското пливање (IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, имам придонесено и оставено белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, напиша Поп Ацев на својот профил на „Фејсбук“.

Кариерата во маратонско пливање Поп Ацев ја започна во 2007 година и до 2021 година пливаше на 106 маратони од светската серија. Тој двапати беше победник на Гран при Светската серија во 2015 и 2017, а во 2019 година беше победник на ФИНА Ултрамаратон Светска серија.

Покрај Поп Ацев, на церемонијата во Канкун нови членови на Куќата на славните за маратонско пливање ќе станат и Кортни Моатс Полк од САД, Аријана Бриди од Италија, Сизана Хајм-Боувен од САД, Дан Симонели од САД и Симоне Руфини од Италија.

- Оглас -

Најнови вести