Познат е терминот за неодиграниот натпревар од француското првенство: Од Лион се бесни на одлуката

Раководството на француската Лига 1 и официјално го одреди терминот и местото на одигрување на натпреварот помеѓу Марсеј и Лион. Дуелот помеѓу овие две екипи предизвика големо внимание во целиот свет бидејќи автобусот на гостинската екипа беше нападнат од страна на навивачите на Марсеј додека се движеше кон стадионот, а француската полиција уапси девет можни сторители. Во инцидентот најмногу настрада еден од тренерите на Лион, Фабио Гросо, кој заврши со 12 конци на главата.

Според одлуката, мечот ќе се одигра на шести декември на стадионот „Веледром“ во Марсеј, а дисциплинската комисија одлучи дека нема да има никаква казна за екипата на Марсеј бидејќи инцидентот се случил надвор од стадионот и клубот немал никаква можност да го спречи.

Во Лион се бесни на ваквата одлука и најавуваат жалба.

- Оглас -

Најнови вести